Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински.
Во времето на успението на Пресвета Богородица и Јеротеј се јави во Јерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабошци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којштo му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…
Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…