ВОЛОДИН: Русија се откажува од договорот за нуклеарни проби поради неодговорниот однос на САД кон глобалната безбедност
Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ) поради неодговорниот однос на САД кон глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин.
– Поради безбедноста на нашата земја ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови, истакна Володин пред расправата и гласањето за отповикување на ратификацијата.
Володин потенцира дека Русија го ратификувала Договорот во 2000 година, додека Вашингтон не го направил тоа поради својот „неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања“.
– Руската Федерација ќе направи се за да ги заштити своите граѓани и да ја одржи глобалната стратешка еднаквост, додаде Володин.
Русија ја повлекува ратификацијата, но ќе остане потписник и ќе продолжи да соработува со ко-потписничките и со глобалниот систем за мониторинг, кој го предупредува светот за секое тестирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Тошковски: МВР ќе се вклучи во борбата…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Нафтата повторно под 100 долари, европските берзи…
Цената на нафтата повторно се спушти под…
Фадиљ Пушколи, поранешен припадник на ОВК, вчера…
Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција…