Русија го предупреди Израел да не презема копнена офанзива во Газа
Русија го предупреди Израел да не презема копнена офанзива против исламистичката група Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во својот коментар, објавен во руските државни медиуми, денеска истакна дека постои закана од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток со „страшни последици за целиот регион“ и уште поголема хуманитарна катастрофа.
Песков ова го кажа во Пекинг, каде претседателот Владимир Путин е во дводневна посета.
Кремљ соопшти дека Путин има намера,, на маргините на форумот „Појас и пат“, за ситуацијата на Блискиот Исток да разговара и со кинескиот партиски и државен лидер Си Џинпинг.
Путин вчера телефонски веќе разговараше со неколку лидери од Блискиот Исток, меѓу кои и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Рускиот претседател, кој и самиот ја води војната против Украина, повика на прекин на огнот за заштита на цивилното население.
Песков уште еднаш потврди дека се очекува Абас да ја посети Москва, иако не е утврден датумот на посетата.
Русија се залага за создавање независна палестинска држава, истовремено поддржувајќи ги безбедносните гаранции на Израел.
„Народот на Израел мора да живее во мир“, нагласи Песков, но истакна дека најважна задача сега е да се стави крај на војната на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…