Битиќи: Во финални преговори сме со Hyundai и LG да донесат дел од производството во нашата земја
„Со Јужна Кореја градиме нова економска историја. При посетите таму разговаравме дека по Ковид, може да се направи доближување на вредносните ланци. Корејските компании се присутни во Европа, но нивното производство е во далечниот исток, што се покажа како проблематично во Ковид“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека ние не целиме на финални производи, бидејќи за тоа треба висококвалификувана работна сила, но се цели на пренесување на дел од производството во Македонија.
„Веќе сме во добри разговори со Hyundai и LG да ги донесат истражувачките центри. Вообичаено тие носат подобро платени места и поквалификувана работна сила. Имавме состанок со претседателот Стево Пендаровски во Њујорк со претседателот на Јужна Кореја“ рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека постои голем интерес за соработка и инвестиции и дека во следните денови ќе се потпише меморандум со цел да се отвори просторот за меѓувладина соработка, но и на компании и компании и влади со компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…