МНР: Државјаните на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан

t

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот.

– Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата. Потсетуваме дека Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба. Ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378, наведува МНР.

Министерството додава дека на располагање се и СОС телефоните на МНР: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса: [email protected].

МНР и натаму ќе ги следи состојбите во Либан и во регионалното опкружување и ќе продолжи, нагласува, навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…