ИЈЗ: Две епидемии во септември, затруени ученици на екскурзија во Претор и петмина роднини на помен во Струмица

t

Новиот извештај на Институтот за јавно здравје открива дека кај нив во септември се пристигнати се две пријави за епидемии на заразна болест со дијагноза: Intoxicatio alimentaris односно бактериско труење со храна.

Првата епидемија е пријавена од страна на ЦЈЗ Битола на 21.09.2023 година, кај деца кои одат на училиште во село во Ресенско, а при заедничка екскурзија, јаделе во ресторан во Претор. Во епидемијата се регистрирани вкупно 6 заболени ученици, на возраст од 8-14 години. ЦЈЗ Битола во соработка со АХВ и ДСЗИ направи епидемиолошко истражување. Направен е хигиено епидемиолошки увид во објектот, земени се брисеви од вработените и од работните површини и помагала. Од добиените резултати детектирани се Enterobacteriacae од садови за подготвување на храна и присуство на коагула за позитивни стафилококи и Enterobacteriacae од брисеви од раце на персонал.

Поради случајот со труењето на учениците објектот е времено затворен од страна на ДСЗИ. Наложена е комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од страна на овластена институција.

Предложени се дополнителни мерки за редовна посета на курсеви за хигиенско оддржување, носење на соодветна и правилна лична заштитна опрема, замена на искористен прибор, сервирање на храна во што пократок можен рок по подготвување и вонредни санитарни прегледи по потреба.

Втората епидемија е семејна епидемија, пријавена од страна на ЦЈЗ Струмица на 26.09.2023 година, кај лица кои биле на помен во Струмица. Во епидемијата се регистрирани вкупно 5 заболени лица. ЦЈЗ Струмица во соработка со АХВ и ДСЗИ направи епидемиолошко истражување. До затворањето на овој извештај, епидемиите сé уште не се одјавени, напоменува ИЈЗ.

Во септември и еден смртен случај од хеморагична треска
Во текот на месец септември пријавен е еден смртен случај од акутно заразно заболување, односно се работи за случај на хеморагична треска со бубрежен синдром.

Регистрираниот случај е машко лице на возраст од 74 години од Скопје. Првите симптоми се појавиле на 14.09.2023, а пациентот по преглед на КИБФС бил препратен и хоспитализиран во УК Пулмологија со алергологија со РТГ наод на плеврална ефузија од 18-19.09.2023 година кога пациентот завршил со смртен исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…