Кралот на Јордан ја откажа утрешната средба со Бајден
Средбата на американскиот претседател Џо Бајден во Аман што требаше да се одржи утре со јорданскиот крал Абдула, египетскиот претседател Абдел Фатах Сиси и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас е откажан, објави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.
Претходно вечерва, висок палестински функционер изјави дека Абас го откажал учеството на состанокот.
Абас требаше да им се придружи на кралот Абдула Втори и Сиси на самитот каде што требаше да разговараат со Бајден за последната војна меѓу Израел и Хамас.
Но, високиот функционер рече дека Абас се повлекува во знак на протест поради експлозијата во болница во Газа за која здравствените власти на Хамас велат дека загинале повеќе од 500 луѓе.
Израел рече дека станува збор за неправилно истрелување на ракета од страна на палестинскиот исламски џихад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги предупредува своите граѓани да не…
Американскиот Стејт департмент денес издаде безбедносни предупредувања…
Трамп е уверен дека Јордан и Египет…
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…
Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…
Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…
Јордан го затвора воздушниот простор за сите…
Јордан привремено го затвора својот воздушен простор…
Жена се породила во авион на летот…
Жена се породила во авион на летот…