Објавено на:

Орбан не е проруски, туку проунгарски политичар, вели Путин

t

Обвинувањата за унгарскиот премиер Виктор Орбан дека е симпатизер на Русија е глупост, тој е проунгарски политичар, рече рускиот претседател Владимир Путин одговарајќи на прашања на новинарите.

„Што се однесува до премиерот Орбан, тој често е обвинуван за некаков проруски начин на размислување. Тоа е глупост. Тој нема проруски начин на размислување, тој не е проруски политичар, тој е проунгарски политичар “, рече Путин, коментирајќи ја неговата неодамнешна средба со унгарскиот премиер.

Путин и Орбан се сретнаа на маргините на форумот „Појас и пат“ во Пекинг на 17 октомври. Унгарскиот премиер подоцна рече дека одговорот на рускиот претседател на неговото прашање за можноста за прекин на огнот во Украина „не бил охрабрувачки, благо кажано.

„Тие го напаѓаат [Орбан] главно не затоа што зазема позиција што се разликува од другите европски лидери, туку затоа што има храброст да ги брани интересите на својот народ. А на многу политички фигури во Европа денес им недостасува оваа храброст. Немаат таква храброст, му завидуваат. Затоа го напаѓаат“, додаде рускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…