Танец утре организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

t

Во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ утре со почетокот во 11 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на неодамна починатиот истакнат пејач од прв ред – солист, Далибор Ѓошиќ, најави „Танец“.

Далибор Ѓошиќ почина на 12 октомври во Скопје, на возраст од 41 година, после кусо и тешко боледување. Својот професионален стаж го помина во НУ Танец, каде оствари бројни настапи, дома и надвор.

Покрај изведбите на традиционални македонски песни, тој реализираше и бројни фестивалски настапи, со квалитетни новосоздадени фолклорни напеви, од кои голем дел беа негови авторски композиции.

За само 16 години поминати во „Танец“, Ѓошиќ оствари 363 концертни настапи, во вкупно 23 држави во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

На секои 10 минути жена или девојче…

Околу 50.000 жени и девојчиња во светот…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…