Во Газа убиени 3.478 луѓе, ранети повеќе од 12.000
Министерството за здравство во Газа соопшти дека од почетокот на војната во Газа загинале 3.478 луѓе, а повеќе од 12.000 се ранети. Најголем дел од нив се жени, деца и стари лица.
Повеќе од 1.400 луѓе во Израел загинаа, главно цивили убиени за време на смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври.
Израелските сили убија три лица, меѓу кои двајца тинејџери, рано утринава на Западниот Брег, јави официјалната палестинска новинска агенција Вафа. Во бегалски камп јужно од Витлеем било застрелано во глава14-годишно момче, а 16-годишно момче починало откако било застрелано во градот Тулкарем. Вооружените израелски сили го нападнале и селото Будрус и застрелале млад човек и раниле уште еден млад човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…