Кој сака нека честита: Лидерот на СИРИЗА ќе стапи во брак со својот партнер

t

Претседателот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска во САД ќе стапи во брак со својот партнер, како што самиот соопштил вчера за време на состанокот на политичкиот секретаријат на партијата.

Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија.

Портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, говорејќи за телевизијата Опен, откри дека денешната церемонија ќе биде во кругот на семејството со еден сведок, а на лето Стефанос и Тајлер ќе направат прослава во Грција.

Авгери се осврна и на важноста и во Грција да се легализираат истополовите бракови, повикувајќи го грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го направи следниот чекор во оваа насока.

-Многу е важно во 2023 година и како одминува времето да им се даде еднаква можност на луѓето да ги вкусат среќата и радоста онака како што тие сакаат. Без стереотипи и општествени принуди, рече портпаролката на СИРИЗА.

Каселакис отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на СИРИЗА, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…