Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“ во „Делчевски ниви“ ја урна истрагата

t

Постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата. Никој од седуммината осомничени за продажба на ниви во Малешевијата за 40 пати поскапи за изградба на фотоволтаични централи – нема да одговара.

Пропадна случајот со препродажбата на ниви во Источна Македонија, познат во јавноста како „Делчевски ниви“. Наместо предметот да се движи кон обвинителен акт се урна благодарение на пресвртот што го направиле сведоци менувајќи го исказот. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата.

Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена. Осомничени за измама беа двајца управители од компанијата, како и уште пет други лица кои се гонеа за помагање. Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.

Случајот „Делчевски ниви“ е клучен случај за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Христијан Мицкоски. Имено, сите седумина осомничени имаат некаква поврзаност со партијата, но сепак Управата не успеа да ја докаже шпекулацијата дека со парите од продажбата на нивите се финансирала политичка партија.

Во случајот осомничени се двајца управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Гиевски, кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бил разрешен од позицијата пред околу 3 месеци, а Митровски, кој е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се уште е вработен.

Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски, a своевремено беше директор на штаб на ВМРО-ДПМНЕ кога МИцкоски стана претседател. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО предложи мерки на претпазливост за Иџет…

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за…

ОЈО: Врховниот судија е фатен in flagranti…

По претходна пријава од син на обвинет…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

ОЈО: Убиецот на двете лица од Стајковци…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје,…

Почина 7-месечно бебе од Вевчани: ОЈО ќе…

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид издаде повеќе…