Асанж ќе стане почесен граѓанин на Рим!

t

Поранешната градоначалничка на Рим, Вирџинија Риџи денеска објави дека основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж на почетокот на следната година ќе стане почесен граѓанин на тој град, откако беше поддржан од советниците во локалното собрание.


„Асанж е симбол на слободата на говорот, што е од суштинско значење за секоја вистинска демократија“, рече Риџи, кој предложи основачот на Викиликс да биде почесен граѓанин, пренесува Ројтерс.


Таа истакна дека Асанж со години не е слободен поради неговата работа како новинар.
Асанж (52) се наоѓа во Белмарш, еден од најбезбедните затвори во Велика Британија, од 2019 година, а САД бараат негова екстрадиција поради објавувањето на доверливите американски воени досиеја и дипломатските телеграми во 2010 година кои ги разоткрија злосторствата на американската војска.
Неговите поддржувачи сметаат дека обвинителството е политички мотивиран напад врз новинарството и слободата на говорот.
Од друга страна, американските власти тврдат дека објавувањето на тајни документи ги ставило во опасност животите на нивните граѓани во светот.
Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж се соочува со затворска казна до 175 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена Бугарка во Рим, со секира им…

Бугарска државјанка е уапсена денеска откако им…

Трагедија: Четири лица починаа во пожар во…

Четири загинаа во пожар во болница во…

(Видео) Лав избегал од циркус близу Рим,…

Жителите на италијанскиот град Ладисполи во близина…

Асанж ќе стане почесен граѓанин на Рим!

Поранешната градоначалничка на Рим, Вирџинија Риџи денеска…