(Видео) Стево Пендаровски најави дека повторно ќе биде кандидат за претседател

t

Актуелниот претедател на Република Македонија, Стево Пендаровски, во гостување во ТВ21 практично најави кандидатура за втор мандат како шеф на државата.

Пендаровски кажа дека ќе бара поддршка од партиите за втор мандат, но кажа дека не знае кој ќе биде кандидат на СДСМ. Потоа зборуваше за кампањата каде истакна дека во тие дваесетина дена тој е кандидат за претседател, иако врши некои должности на претседателот на државата.

Претходно Инфомакс ексклузивно откри кои пет кандидати се во внатрепартиска трка за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите кои според нашите информации Мицкоски ги тестира на внатрешартиските анкети се академикот Љупчо Коцарев, поранешниот ректор на УКИМ, Никола Јанкуловски, професорката Гордана Силјановска Давкова која беше кандидат и на претходните претседателски избори, професорот од Правниот факултет Александар Спасеновски и Анета Пешева.

Професорот од медицинскиот факултет, Вело Марковски, денеска официјално ја соопшти неговата кандидатура за претседателските избори и побара поддршка од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, која според денешната изјава на Александар Николоски нема да ја добие.

Левица планира да има кандидат за претседател, но можно е Левица да поддржи и кандидат кој не е од партијата, доколку нивните гледишта се согласуваат, истакна во денешното гостување во Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, најави дека и ГРОМ ќе оди со сопствен кандидат за претседателските избори, а тој канидат веројатно ќе биде самиот Јакимовски.

Според неофицијални информации вториот круг на претседателските избори ќе биде во мај, веројатно веднаш после големиот христијански празник Велигден. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите нагласи дека изборите ќе бидат редовни и одвоени претседателски од парламентарни избори.

Претходно имаше шпекулации дека изборите ќе се одржат на 8 мај, а истите ќе бидат условени со уставни измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…

Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…