Добро утро со Инфомакс: Умирам за еден нов свет, умирам горд со името на мојот народ – 108 години од раѓањето на македонскиот поет Антон Попов
На денешен ден, 20 октомври, во 1915 година е роден Антон Николов Попов, македонски писател, комунист, учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок.
Попов е правнук на Поп Стојан од Разловци, еден од водачите на Разловечкото востание во Пијанечко-малешевскиот крај. Поп Стојан бил соборец на дедо Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета во Горноџумајското востание, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од четниците на ВМРО.
Умира во Софија во 1942 година кога е убиен од страна на бугарските фашистички власти.
Добро утро Македонци, денеска, ви пренесуваме цитати од Антон Попов.
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат.Историјата на човештвото е полна со неправди……Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?… Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?
Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г.
Пред да го стрелаат тој ќе запише:
„Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…