Фер-плејот не вирее во Битола, Пелистер не сака да го одложи мечот со Вардар!
Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер не го прифати барањето на Вардар за одложување на претстојното дерби од Суперлигата, закажано за 22 октомври во 18 часот.
Откако вчера Вардар писмено се обрати до РФМ и до својот ривал, со образложение дека има 10 болни ракометари, денеска стигна негативен, нималку спортски одговор од Битола.
„Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Пелистер и Вардар в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Пелистер – Вардар и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите. Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот“, пишува во одговорот од Битола
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…
(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во…
Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска…
Кривична пријава за полицаец од Драчево –…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Кенија потврди 4 нови случаи на ебола
Кенија потврди четири нови случаи на ебола,…
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…