Маричиќ – Пич: Западен Балкан мора во ЕУ, нема друга опција за трајна стабилност на регионот

t

Обединетото Кралство продолжува да дава поддршка на ЕУ интеграција на Западен Балкан, со очекување Македонија да го забрза процесот на преговори со ЕУ, истакнал британскиот специјален претставник за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич на денешниот состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ и Пич, како што соопшти Секретаријат за европски прашања, се согласиле дека секое кочење на евроинтеграцијата ќе значи простор за мешање на трети страни.

На средбата било разговарано за текот на преговорите и идните планови на Македонија на патот кон ЕУ, како и за политичките случувања во регионот.

Вицепремиерот Маричиќ укажал дека Македонија припаѓа на заедницата на европски вредности и ја посочил важноста на политичката посветеност која ја имаме од Обединетото Кралство на патот кон ЕУ, како и севкупната поддршка во нашите демократски и реформски процеси.

Соговорниците, како што е наведено во соопштението од СЕП, ја нагласиле важноста од соработката и постојаната комуникација меѓу сојузниците и искрените пријатели како што се Македонија и Обединетото Кралство, особено во сегашниот сложен геополитички момент.

Како НАТО партнери и сојузници на патот кон ЕУ, Маричиќ и Пич посочиле дека и Македонија и Обединетото Кралство имаат иста цел и заеднички работат регионот да успее во пристапните преговори за краток временски период и да ја забрзаме интеграцијата, како што кажал Маричиќ „со исполнување на обврските и задачите од Поглавјата 23 и 24, односно во делот на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, на што Владата е целосно фокусирана“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…