Балотели: Македонија ми ја предизвика најголемата болка!
Поразот на Италијанците од Македонија во Палермо, во мундијалскиот бараж, несомнено, го болеше секој Италијанец, но очигледно некои повеќе од други. Еден од оние кои силно ги погодиле тие 0-1 бил Марио Балотели.
Контроверзниот напаѓач не беше дел од репрезентацијата која Роберто Манчини ја извади во Палермо на 24 март 2022 и морал поразот да го следи пред телевизор, без да може ништо да направи.
„Повеќе не ги гледам натпреварите на Италија. Премногу боли што не сум таму. Понекогаш ги мразев луѓето кои работат за националниот тим, но искрено, не можам да ги гледам нивните натпревари затоа што би сакал да бидам вклучен. Му должам многу на Манчини, но и тој на мене. Италија – Македонија ми ја зададе најголемата болка. Мислам дека никогаш не се опоравив од таа тага. Ја презедов одговорноста што не се квалификувавме за Светското првенство, иако не играв, бидејќи некои ‘сенатори’ немаа храброст да истапат“, вели Балотели.
Тој сепак беше дел од поширокиот список на селекторот Манчини и тренираше на подготвителниот камп во јануари, два месеца пред баражот. Сметал дека направил доволно за да биде повикан и да помогне, но…
„По подготовките, Манчини ми рече дека повикот за мене е речиси загарантиран, но после тоа, повеќе не креваше телефон и не ми даде објаснување. Можеби некои играчи не го сакаа Балотели, сигурно тоа не беше негов избор, 100% сум сигурен. Некој од горните катови или некој меѓу играчите повеќе не ме сакаше. Потоа размислував за повлекување од репрезентацијата, но во однос на квалитетот, нема некој друг како мене. Никогаш нема да се откажам од Италија“, додаде 33-годишниот напаѓач.
По неколку сменети клубови, сега се врати во Адана Демирспор, во турското првенство, каде што настапуваше и во 2021/22. Тогаш постигна 18 гола на 33 меча, а сега два на дебитантскиот. Смета дека има уште што да ѝ понуди на Италија.
„Би прифатил да не бидам стартер бидејќи знам дека никој не може да направи разлика повеќе од мене, дури и кога доаѓам од клупата. Спалети е идеален тренер, но уште нема многу време за да ги пренесе своите идеи“, додава Балотели.
Тој има 36 настапи за селекцијата на „аѕурите“ и 14 гола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…