Уапсена косовска државјанка – со мало дете и лажни пасоши сакала да замине од државата
Денеска (21.10.2023) во 03.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“ – Скопје, на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Р.Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани. При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните вистински податоци. Со неа бил извршен службен разговор во кој изјавила дека словенечките патни исправи ги купила од едно лице во Косово за сума од 10.000 евра.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, таа била лишена од слобода и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Путин: Сите предлози за мир во Украина…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…
Вашингтон сè уште расправа за дизелот: Трамп…
Можноста САД да го ограничат извозот на…
Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…
Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…
Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…
Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…