Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани.
Денот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.
Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург –…
Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби…
Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…
МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…
Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…
За Филипче платформата „12:05“ е вмровска шема
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки…
Денес во 14 часот протестен марш во…
Протестен марш по повод првостепената пресуда на…