Израел ги намали прогнозите за економски раст поради војната
Банката на Израел одлучи да ги остави каматните стапки стабилни и ги намалува изгледите за раст за 2023 година, бидејќи шекелот продолжува да слабее, а тековната војна со Хамас претставува економски товар за домаќинствата и бизнисите.
Централната банка ја држи референтната стапка на 4,75 отсто, во согласност со прогнозите на мнозинството економисти.
Под претпоставка дека војната ќе биде концентрирана на јужниот фронт во текот на четвртиот квартал од годината, се очекува раст на економијата од 2,3% во 2023 година и од 2,8% во 2024 година, прогнозира централната банка. Тоа е помало од нејзината претходна прогноза за раст од 3% оваа и следната година, што ја објави банката минатиот месец.
„Војната има различни економски ефекти, како на реалната активност, така и на финансиските пазари“, се вели во соопштението на централната банка.
Банката на Израел „се фокусира на стабилизирање на пазарите и намалување на неизвесноста, и активираше програма за продажба на девизи и за обезбедување ликвидност на пазарите“.
Се предвидува владиниот буџетски дефицит да се зголеми на 2,3 отсто од БДП во 2023 година и 3,5 отсто од БДП во 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…