На Македонецот дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега, а еве и зошто …

t

Дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега! Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари?

– Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката.
– Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ.
– Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет.
– Бега од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое го држат под клуч, нема тоалетна хартија, нема сапун и нема вода. Повеќе личи на хорор филм,
отколку на болница.
– Бега од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна.
– Бега од нашите марќети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку.
– Бега од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака.
– Бега од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му.
– Бега од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата (не)работа.
– Бега од валканите улици…
– Бега од уличните кучиња…
– Бега од патеките без корпи за отпадоци…
– Бега од преполнетите контејнери…
– Бега од затруеноста со политика…
– Бега од коцкарниците и обложувалниците…
– Бега од лажливите политичари…
– Бега од отровниот воздух…
– Бега од малограѓанштина…
– Бега од мито и корупција…
– Бега од отсуство на морал…
– Бега од селективна казнивост…
– Бега од неодговорност…
– Бега од лаги…
– Бега од измами…
– Бега од неправда…

БЕГА од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го
знае и умее. Не бега само во потрага по пари, бега во потрага по нормален живот и сопствена иднина! Бега зошто е свесен дека во оваа држава тоа не го може! Дај му плата и од 3.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…