Се огласи Зеленски: Украина нема да се скрши и ќе го победи руското зло

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање изјави дека „Украина нема да се скрши, ќе се спротивстави и ќе го истисне руското зло од нејзината територија“.

Тој рече дека „Украина несомнено ќе и одговори на Русија за секоја манифестација на нејзиниот терор“ и дека „терористите нема да ја скршат украинската волја за одбрана и заштита на сопствената земја и сопствената независност со сите расположливи средства“.

Според Зеленски, „на Украина и се потребни резултати секој ден – да ги спречи руските напади, да ги елиминира окупаторите и да оди напред“. Тој посочи дека тоа ја зајакнува украинската држава, го мотивира светот да и помогне и докажува дека „рускиот терор не функционира“.

Украинскиот претседател, исто така, ги спомена и им се заблагодари на воениот персонал и единиците кои се истакнаа во борбените операции во текот на изминатата недела.

На крајот од своето обраќање, Зеленски рече дека разговарал со емирот на Катар и му се заблагодарил, меѓу другото, за неговата подготвеност да учествува на следниот состанок за украинската формула за мир, како и за „неговата непоколеблива поддршка за украинскиот територијален интегритет и суверенитет“. Како што рече, двајцата разговарале и за посредување на Катар за ослободување на депортираните и заробени Украинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…