Судот одреди мерка притвор за зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша
Специјалниот првостепен суд против организиран криминал и корупција вечерва донесе одлука со која на Јамабер Малтези, зет на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, му се одредува мерка притвор.
На второ обвинетиот Фатмир Бакташи, сопственик на градежна компанија, му е изречена мерка за редовно јавување во судот.
Расправата беше предвидена за 13 часот, но по барање на нивните адвокати за да се запознаат со обвинението, почна по 18 часот и беше затворена за јавноста.
Според медиумите и двајцата ги отфрлиле обвинувањата. Малтези меѓу другото кажал дека дозволата за приватизација ја потпишал Еди Рама во својство на градоначалник на Тирана, а второобвинетиот дека „сето е политички монтирано и оти вистината ќе излезе на виделина”.
По соопштување на судската одлука адвокатот на Малтези изјави дека „стандардот на докажување е многу низок, се нарушува принципот на правна сигурност”.
Поранешниот премиер Бериша, Малтези и Бекташи, Специјалното јавно обвинителство, СПАК ги сомничи за приватизацијата на поранешниот спортски комплекс “Партизан” во Тирана.
Бериша се соочува со обвинение за пасивна корупција на функционер во соработка, бидејќи како тогашен премиер помогнал во приватизацијата во полза на зетот, за што може да добие казна затвор во траење од четири до 12 години, додека Малтези и Бекташи се обвинети за корупција и перење пари за што е предвидена затворска казна во траење од пет до 15 години.
Бериша во судот треба да се јави утре во 14 часот. Претходно му беше изречена мерката редовно јавување во судот и одземање на пасошот, што според него е кршење на Уставот, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет.
На просторот на некогашниот спортски комплекс се изградени 17 повеќекатници од страна на Малтези и Бекташи, од што Малтези профитирал 5,4 милиони евра.
Нему привремено му се конфискувани станови, вила на море, банкарски сметки, како и акции во три фирми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…
Спортските објекти се издаваат на користење на…
Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…
Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…