(Фото) Револтирани патници: Поради дефект на автобус, седум часа патување од Битола до Скопје!
По возовите, сега голем проблем во Македонија имаат и автобусите!
До Редакцијата на Инфомакс пристигнаа поплаки од загрижени и револтирани патници кои вчера патувале дури седум часа на релација Битола – Скопје.

Причината за ова ,,маратонско” патување до главниот град е дека се јавил дефект на автобусот на Транскоп некаде пред Велес, па по неколку неуспешни обиди да се поправи, на крајот патниците биле приморани да се враќаат кон главниот град со комбиња.

Се надеваме дека во иднина со вакви проблеми нема да се соочуваат патниците и дека ќе имаат безбеден и сигурен пренос од една до друга локација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанка пронајдена почината во автомобил на автопатот…
Скопјанка синоќа била пронајдена почината во возило…
Владата ја продолжува до 12 октомври мерката…
Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…
Полицијата уапси 16-годишник – возел „ауди“, а…
Малолетник возел „ауди“ без да има положено…
Прва средба Русија–Германија од 2022 година: Берлин…
По речиси четири години практично замрзнати односи,…
Европа размислува за „член 5“ на ЕУ…
Европските држави разгледуваат нов механизам за заеднички…