Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во Пентагон, а земаат едвај минимална плата

t

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на вработените во јавните обвинителства, доведе до скоро целосна нефункционалност на овие институции. Од приемно одделение, архива, до хигиеничари, стручни работници, службата за достава, истражителите, записничари – скоро еден месец штрајкуваат и бараат достоинствени плати и враќање на додатоците кои треба да ги добиваат.

Се менуваат министри за правда со кои преговараат за овие услови што ги бараат. Со секој од нив, години наназад, претставници на Синдикатот на вработените во јавните обвинителства при УПОЗ седнале на маса. Ветувањата кои ги добиле се дека работата ќе се среди. Потоа заминуваат, а со нив, и ветувањето останува неостварено.

Моментално вработените не работат ништо. Администрацијата пак, е услов без кој не се може. Децидни се дека од борбата која ја започнале – назад нема. Дел од нив, со кои разговараше „Скопје1“, потенцираат дека условите за вработување се како да влегуваат во Пентагон (воена зграда каде е сместена централната американска воена администрација), а земаат едвај минимална плата. Уште поголем проблем за нив е што по одлевањето на кадар тешко се заменува, а проблемот не е во парите, туку во планот за вработување кој се носи на годишно ниво.

Незадоволство има и кон Законот за јавнообвинителска служба. Го прогласуваат за комплетно неприменлив. Го прогласуваат за копија на стариот закон за државни службеници, кој доколку беше добар немаше да има потреба да се донесе нов.

Засега од ресорните министерства нема слух за вработените во јавните обвинителства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…