Левица: Откриена биста на херојот Игор Драганов по иницијатива на советниците на Левица во Општина Аеродром

t

Советниците на Левица во Аеродром редовно одржуваат средби со граѓани од општина Аеродром. На една од таквите средби во Долно Лисиче, од страна на родителите на Игор Драганов на советниците им беше побарано да се заложат за довршување на неговата биста.

Игор Драганов бил полициски службеник кој на 24 октомври 2007 година го загубил својот живот во еден терористички чин бранејќи го суверенитетот на Република Македонија.

На 13-та седница на Советот на општина Аеродром од страна на советниците на Левица беше побарано да се доврши бистата на Игор Драганов при што за таа цел се формираше и комисија која го водеше завршувањето на бистата.

Денеска сме среќни поради откривањето на бистата на нашиот херој Игор Драганов и сме горди на неговата заложба да биде на браникот за одбрана на нашата татковина за која го даде и неговиот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митески да одговори каде се ветените нови…

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност…

Собраниската седница денеска беше одложена за еден…

Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…

Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…