Арсовска доби уште едно меѓународно признание од Европската народна партија: Избрана за заменик потпретседател на ЕПП за локални власти
Арсовска денеска се обрати во Советот на Европа во Стразбур, Франција на Конгресот на локални и регионални власти во улога на претседател на Форум на градоначалници при Обединетите Нации со денес новоизбраниот претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Марк Кулс и Матие Мори, генералниот секретар на Конгресот. Арсовска доби и уште едно признание во меѓународни рамки за својата посветеност и работа за остварување на проектите во интерес на граѓаните.
Градоначалничката на Град Скопје ја доби целосната доверба на Европската народна партија EPP European People’s Party и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе.
Арсовска како претседател на Форумот на Градоначалници на Обединетите Нации UN Forum of Mayors и член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и каде преку платформа се отпочнува со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктурата.
Соопштение од Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…