Детали од МВР за пукањето пред Ист Гејт Мол!

t

МВР пред малку ги потврди информациите на Инфомакс за случувањата во Ист Гејт Мол. Споре официјалните информации добиени од министерството за внатрешни работи полициските екипи се веќе на лице место и превземаат мерки за расчистување на случајот, а во нападот ранети се две лица.

-Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Како што претходно објави Инфомакс, попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје.

Според инфромациите на Инфомакс цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.

Во рок од неколку месеци веќе втор пат се случува обид за негово убиство, а она што е интересно е што се повторува на истата локација во кругот на Ист Гејт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…