(Видео) Султанот го шокираше Западот: Хамас не се терористи туку борци за слобода
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во средата дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација, туку ослободителна група која води битка за заштита на својата земја.
Во говорот пред пратениците на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористил добрите намери на Турција и дека нема да оди во Израел како што претходно беше планирано.
Тој, исто така, повика на итен прекин на огнот меѓу израелските и палестинските сили и рече дека муслиманските земји мора да дејствуваат заедно за траен мир, повикувајќи ги светските сили да извршат притисок врз Израел да ги запре нападите.
Ердоган додаде дека граничната порта Рафах мора да биде отворена за хуманитарна помош и дека размената на затвореници треба итно да се заврши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…
Трамп: Иран доживува целосен колапс
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…
На штипскиот УГД во првиот уписен рок…
Заврши пријавување на кандидатите за упис во…