Инвазијата на Израел во Газа е одложена поради внатрешни поделби и меѓународниот притисок
Израел се уште не почна копнена инвазија врз Газа, и покрај тоа што ја најави, а доцнењето според израелските медиумите и експертите се должи на меѓународниот притисок, но пред се на политичко-воените поделби.
Деветнаесет дена по смртоносниот напад, израелската војска немилосрдно го гранатира појасот Газа. Но, освен некои релативно мали упади, копнената офанзива уште не е почната.
„Постои криза на доверба меѓу Бенјамин Нетанјаху и армијата..Споровите околу овие операции создаваат тензии, особено меѓу премиерот и министерот за одбрана. Нетанјаху е лут на генералите и ги обвинува за она што се случи.“ – пишува Times of Israel.
Официјални претставници на Хамас пак велат дека групата повеќе нема да ослободува заложници доколку не се дозволи проток на медицински материјали и гориво во појасот. Во петокот, Хамас со посредство на катар ослободи двајца заложници кои се американски државјани. Исламистичката група држи над 220 заложници, вклучувајќи бебиња и мали деца.
„Од хуманитарни причини, безусловно ослободивме четири лица, но ако некој побара дополнително ослободување на заложниците, мораме да побараме од меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Израел и да го отвори преминот Рафа за да може медицинските материјали и горивото да влезат во Газа. Неопходно е Израел да престане да го бомбардира нашиот народ за да обезбеди ослободување на киднапираните луѓе.“ – изјави Осама Хамдан, член на политбирото на Хамас и претставник во Либан.
Покрај со Либан, фронтот полека се шири и кон Сирија. Осум сиријски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара. Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел. Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток предупредува дека ќе следи катастрофа доколку енклавата остане без гориво..
„Мора да се испорача гориво за да се обезбеди луѓето да имаат чиста вода за пиење, болниците да останат отворени и да продолжат операциите за спасување животи.“ – велат од УНРВА.
Други хуманитарни организации велат дека една третина од болниците во Газа и речиси две третини од клиниките за примарната здравствена заштита се затворени поради оштетување или недостаток на гориво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…