Агелер во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката

t

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер.

На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството.

Беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите. Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија.

Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности.

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер, истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топлотен бран во Македонија: Oд среда температури…

Под влијание на многу топла воздушна маса…

Во кое сценарио цената на нафтата ќе…

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа…

Трамп: Доколку режимот не може повторно да…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку…

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија економски…

По една година од новата влада, состојбата…

Брлогот со емотивен статус за неговата внука…

За мојата внука Моника... Внуката што со…