Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, туку Латиноамериканците
Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, а Латиноамериканците во моментов се најголемото население во американската сојузна држава, покажуваат резултатите од новиот попис од јуни оваа година, јави Гласот на Америка.
Според пописот, во Тексас живеат 40,2 отсто Латиноамериканци, додека има околу 39,8 отсто белци кои не потекнуваат од Латинска Америка.
Резултатите од пописот ги потврдуваат податоците од средината на 2022 година, кога Латиноамериканците го презедоа водството во Тексас, каде што белците беа мнозинско население од 1850 година.
Демографот Лојд Потер рече дека овие резултати се очекувани бидејќи латино- население е помладо во споредба со другите етнички групи и колку е помладо населението, толку е поголема веројатноста да имаат повеќе деца. Покрај тоа, Латиноамериканците се најголемата имигрантска група во Тексас, рече Потер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…