15 КАМИОНИ ПОМОШ ЗА 2 МИЛИОНИ ЛУЃЕ Е САМО ТРИК; Лондонски доктор сведочи за ужасот во болниците во Газа

t

Болница Ал Шифа во северниот дел на Појасот Газа синоќа остана без гориво и без струја. Доктор Гасан Абу Ситах, пластичен хирург од северен Лондон кој работи во болницата, вели дека ова е „лош знак“ и навестува што ќе се случи во неговата болница откако ќе остане без гориво.

Абу Ситах вели дека сега во болница има околу 1.800 пациенти и дека само во последните 24 часа се донесени 600 мртви Палестинци. Тој додава дека „има три пати повеќе ранети“.

– Луѓето се насекаде.Во ходникот се на подовите, во одделенијата се на подовите. Душеците се насекаде – изјави тој за Би-Би-Си.

Абу Ситах, исто така, вели дека поради „забрзаната потрошувачка“ на потрошен материјал и на залихите, лекарите сега мора „да прават компромиси за лекување на пациентите во реално време“.

Докторот ги нарече камионите со помош за Газа само обичен „трик“ и парада за јавност.

– Кога испраќате 15-20 камиони на место со повеќе од два милиони луѓе, го правите тоа за да изгледа дека доаѓа помош. Не е дека имате намера да го промените исходот за 15.000 повредени – вели доктор Абу Ситах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…