Железници му должат 4 милиони евра на ЕВН, Владата повторно ќе ги подмирува долговите
„Македонски железници“ ќе мора да врати долг од 4 милиони евра на ЕВН поради неплаќање струја, објави Тв Телма. Според информациите, долгот е направен во последните две до три години. Освен на ЕВН, „Железници“ ѝ должи и на државната МЕПСО.
Поради таа причини, Владата се согласила да им даде уште 15 милиони евра за покривање на долговите. Во декември лани, двесте милиони денари беа ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Македoнија – Транспорт“, откако тогаш ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.
Македонски железници е еден од најголемите загубари во државата. Долгот на фирмата се трупа со години и според податоците на Министерството за финсии, Македонски железници – Транспорт заклучно до јуни лани должи над 67 милиони евра. Македонски железници – Инфраструктура, пак, должи над 26 милиони евра.
Партиите скоро во секоја предизборна кампања ветуваат инвестиции во македонската железница. Но, сето тоа останува само напишано во нивните партиски програми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…