Карачиќ ги испровоцира Чкембари

t

Некогашниот играч на Вардар, Игор Карачиќ првпат играше во Битола откако си замина од Македонија и се пресели во тимот на Кјелце. И не мина баш славно!

Поради неговото минато, очигледна беше дополнителната мотивација да оствари победа во дуелот со Пелистер.

На крајот го оствари тоа, но ќе остане запаметен неговиот потег од првото полувреме кога влезе во дуел со домашната публика.

Со два постигнати гола во период од една минута, хрватскиот репрезентативец непримерно гестикулираше (им покажа да молчат) кон навивачите на Пелистер и со тоа си направи проблем и себеси и на Кјелце. Неговиот втор гол беше за водство на Полјаците од 9-2 и се чинеше дека Пелистер е веќе готов, а излезе дека Карачиќ ја крена публиката од „мртвите“ и им даде крилја на домашните.

За својата реакција, тој доби исклучување, а навивачите и покрај високата негатива најдоа причина да се дигнат на нозе и да го бодрат Пелистер.

Не изостанаа навредите на сметка на Карачиќ, но поважно од сѐ е тоа што неколку минути подоцна битолчани почнаа да играат и да ја топат негативата на Кјелце. Да биде уште полошо за Карачиќ, откако погоди во првите два шута, ги промаши или му беа одбранети следните пет, па мечот го заврши со 2/7.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…