Перез нема да оди во Барселона на Ел Класико – им се налути на Каталонците!

t

Информациите од Шпанија велат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нема да биде присутен на Монжуик на мечот против Барселона.

Во сабота Барселона го пречекува Реал Мадрид во првото Ел Класико оваа сезона, а Флорентино Перез нема да биде на трибините.

Перез се налути на контроверзната изјава на портпаролот на Барселона, Микуел Кампс за расизмот кој се случи врз Винисиус Жуниор минатиот викенд во Севиља.

„Тоа не е расизам, тој заслужи шлаканица затоа што е кловн. Овие чекори се непотребни и бесмислени на фудбалски терен“, рече Микуел Кампс.

Винисиус јасно беше навредуван на расна основа, тоа го призна и Севиља и веднаш реагираше. А ваквите изјави на портпаролот на Барселона даваат контра-ефект во борбата против расизмот, Перез е згрозен и ќе го бојкотира мечот во сабота, така тврдат медиумите во Шпанија.

Извор; sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…

Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без…

Гласањето во Брвеница денеска започна во 7…

Хаос на проба во Скопје? Се тврди…

Подготовките за претстојниот настап на Јелена Карлеуша…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…