БЕЛАТА КУЌА: Џо Бајден и Нетанјаху разговараа за лоцирање и ослободување на Американците за кои се верува дека се заложници во Газа
Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за напорите за лоцирање и обезбедување ослободување на Американците за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, соопшти Белата куќа.
Исто така, Бајден му ја нагласил на израелскиот премиер „важноста да се фокусира на она што доаѓа по кризата, со цел да се создаде пат за траен мир меѓу Израелците и Палестинците“.
Бајден го изјави ова претходно на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанез, велејќи дека американската поддршка за одбраната на Израел е „челично цврста“, но дека двете страни треба да размислат за патот напред во регионот откако ќе се реши кризата во Газа.
„Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“, рече Бајден.
Тој на прес-конференцијата оцени и дека една од причините поради која милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел е да се спречи нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.
Меѓу другото, американскиот претседател рече дека „нема доверба“ во бројката од над 6.500 загинати од израелските напади на Појасот Газа, меѓу кои и 2.700 деца, што ја прикажува тамошното Министерство за здравство.
„Немам поим дали Палестинците ја кажуваат вистината за тоа колку луѓе се убиени. Сигурен сум дека се убиени и невини, тоа е цената на водењето војна“, рече Бајден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…