Бајден бара забрана за поседување на јуришно оружје и проверка за луѓето кои сакаат да купат пиштол
Се огласи американскиот претседател Џозеф Бајден во врска со масовното пукање во Мејн велејќи дека нацијата тагува за уште едно бесмислено и трагично масовно пукање. Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се ранети во масовното пукање што се случи во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година, пренесува хрватски Индекс.
Бајден исто така ги повика републиканските законодавци да го забранат оружјето за напад и да воведат универзални проверки за луѓето кои сакаат да купат пиштоли како одговор на напад.
Неговата администрација обезбедува сè што е потребно за поддршка на луѓето во земјата, додаде тој.
„За безброј Американци кои преживеале вооружено насилство и биле трауматизирани од тоа, овој вид на пукање повторно отвора длабоки и болни рани“, вели американскиот претседател.
Во меѓувреме, војската на САД објави дека осомничениот масовен убиец Ричард Кард е специјалист за снабдување со нафта и резервен наредник од прва класа. Според информациите на војската, тој и се приклучил на армијата во декември 2002 година, а претходно немал нкаков ангажман во армијата. Тој има бил одликуван и наградуван повеќе пати со: медал за достигнување на армијата, медал за армиски резервни достигнувања, медал за хуманитарна служба, медал за национална одбрана и лента за армиска служба, се вели во соопштението на армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…