Османи: Дијалог е неопходен за решавање на ситуацијата меѓу Косово и Србија

t

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, го поздрави, како што наведува, продолжувањето на бриселскиот дијалог, оценувајќи дека дијалогот меѓу Косово и Србија е неопходен за процесите на мир и стабилност во целиот регион.
Османи на социјалната мрежа „Х“ изјави дека смислен дијалог е единствениот начин за враќање на довербата и мирниот соживот.

„Го поздравувам продолжувањето на дијалогот, кој е неопходен за процесите на мир и стабилност во нашиот регион. Смислениот дијалог, воден со добра волја, е единствениот пат напред во враќањето на довербата и мирниот соживот. ОБСЕ е подготвена да помогне, – рече Османи, кој моментално е претседател на ОБСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…