Објавено на:

Експлозии во американска база во источна Сирија

t

Во американската база во провинцијата Деир ез-Зор, во источна Сирија, се слушаат експлозии, јави либанскиот ТВ канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори.

-Се слушаат експлозии во американската база на гасното поле „Конико“, на северот од провинцијата Деир ез-Зор, наведуваат изворите.

Телевизијата наведува дека причина за експлозиите најверојатно е ракетен напад.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, претходно денеска изјави дека американската војска од 17 октомври до вчера регистрирала 12 напади врз нив во Ирак и уште четири во Сирија.

Рајдер кажа дека уште околу 900 американски војници ќе бидат распоредени или веќе пристигнале на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал од засилени напади на групи поврзани со Иран.

Тој додаде дека американските сили биле цел на напад и претходно денеска во Ирак, но нападот бил одбиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…