Започнува зимското сметање на времето

t

Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s.

Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето.

Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.

Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Исто така со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата.

Во Република
Македонија важи средноевропското зонско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 години затвор и хемиска кастрација за…

Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…