Објавено на:

„ПРОПАДНА СТРАТЕГИЈАТА НА ЕУ ЗА УКРАИНА, а миграцијата донесе тероризам, криминал и конфликти“

t

Стратегијата на ЕУ кон конфликтот во Украина „пропадна“ и блокот треба да излезе со дополнителен план бидејќи Украинците нема да победат на фронтот. Ова го изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На маргините на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, Орбан изјави дека се води „голема битка“, особено за поддршката за Украина.

Според него, Унгарија не гледа причина зошто би ги испратила парите на даночните обврзници за поддршка на Украина.

ЕУ во декември треба да донесе одлука за ревидирање на својот долгорочен буџет во вредност од 1,1 трилиони долари, што е веќе оптоварено со вонредни трошоци за време на пандемијата на Ковид-19 и конфликтот во Украина, пишува Ројтерс.

Европската комисија предложи членките да доделат дополнителни средства во заедничкиот буџет со цел да се обезбедат 50 милијарди евра за Украина и дополнителни 15 милијарди евра за миграција.

Според дополнителниот предлог, за Украина ќе бидат издвоени 20 милијарди евра воена помош.

„Сметаме дека овој предлог не беше соодветно обработен и не е погоден да биде основа за сериозни предлози, поради што моравме да го одбиеме. Тоа беше голема борба, особено за прашањето за Украина“, нагласи Орбан.

Орбан додаде дека е неопходна нова стратегија за Украина, поради што е потребна промена на раководството на ЕУ, што, според него, може да се случи на претстојните избори во Европскиот парламент.

„Во мирни времиња, овие би биле добри лидери, но таму каде што сме сега… има огромни бранови, сигурно нема да успееме со сегашните лидери (ЕУ)“, изјави тој за унгарското државно радио.

Тој, исто така, посочи дека се потребни промени во ЕУ во однос на миграцијата и економската политика бидејќи Брисел излезе со, како што наведе, „невозможни предлози“ за Будимпешта, како што е барањето Унгарија да ги откаже шемите за субвенционирање на сметките за струја во домаќинствата. оданочување прекумерна банкарска добивка и горната каматна стапка „која ги штити семејствата“.

Унгарскиот премиер изјави и дека предлог-буџетот претставен на самитот на ЕУ во Брисел се смета за „неразвиен и несоодветен“ за сериозни преговори, додавајќи дека Европската комисија сега мора „да претстави посериозен предлог“.

Според Орбан, миграцијата донесе тероризам, криминал и конфликти од локации неколку илјади километри оддалечени од Брисел.

„Ваквите конфликти веќе стигнаа до улиците на големите европски градови“, додаде Орбан

Коментирајќи ја финансиската поддршка за војната во Украина, тој рече дека Будимпешта „не може да си ја дозволи таа поддршка и не сака да го направи тоа“. „Не гледам причина зошто унгарските даночни обврзници треба да испраќаат нешто друго освен хуманитарна помош во соседните земји“, додаде Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…