Нови детали: На Штекли му е отстранет дел од белите дробови – откриено со колку куршуми е ранет

t

Раде Трајковски-Штекли продолжува да останува на интензивна нега, пренесува ТВ21. Според телевизијата, тој бил ранет со 5-6 куршуми.

Директорот на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, д-р Неџат Јакупи во изјава за ТВ21 рече дека здравствената состојба на повредениот Раде Трајковски-Штекли е стабилизирана, но не може да се каже дека е надвор од животна опасност. На Штекли му е отстранет дел од белите дробови.

„Направена е обемна интервенција на левиот граден кош. Отстранет е дел од белите дробови оштетен од куршуми. Беа третирани рани на десното рамо. Пациентот ја поминал ноќта на интензивна нега, утрото бил стабилизиран. Тој е во состојба на свест со спонтано дишење и е под опсервација и на интензивна нега во Карил“, нагласи Јакупи.

ТВ21: Значи надвор од животна опасност?

„Во моментов е стабилизиран. Ги следиме сегашните параметри. Рано е да се процени идната состојба, како ќе се развива, но засега параметрите се стабилни“, изјави Јакупи за ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…