Падна договор: ЕУ ќе го користи замрзнатиот руски имот за помош на Украина
Лидерите на ЕУ се согласија да ги искористат приходите од замрзнатите суверени руски средства за помош на Киев, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Лидерите на ЕУ се согласија да користат дел од замрзнатите руски средства, пред сè приходот од нив, за поддршка на Украина. Самитот потврди дека помошта за Украина останува приоритет на Европската унија“, рече Мишел на конференцијата по самитот.
Сепак, на самитот на ЕУ не беше постигнат договор за програмата за буџетска помош за Украина.
Имено, во врска со програмата за помош од 50 милијарди евра ветена на Украина за следните четири години, Мишел само рече дека на самитот „се одржала дискусија за ревизија на буџетот“.
Според руските медиуми, идејата земјите-членки да одвојат дополнителни средства во буџетот на ЕУ за Украина ја блокирале Унгарија, Белгија, Словачка и голем број други земји од алијансата.
Лидерите на ЕУ, исто така, признаа дека и покрај сите напори, цените на енергијата во Европа остануваат премногу високи, најави претседателот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ЕУ го подготвува 12-тиот пакет санкции против Русија.
„Се консултираме со земјите членки. Конкретно, анализираме како да го оневозможиме приходот на Русија од дијаманти. Ова ќе биде направено во тесна координација со партнерите од Г7“, рече таа.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека замрзнувањето на руските средства во Европа е кражба и дека вакво нешто не се случува првпат. Европската унија не ги таргетира само средствата на приватни лица, туку и државниот имот на Русија, посочи таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…