Хезболах ги нападна израелските сили на границата со Либан
Вооруженото крило на шиитската партија Хезболах извести за изведена операција против израелските војници на границата со Либан, при што беа погодени пет воени позиции.
Во соопштението пренесено од Ал Ватанија се вели дека шиитските борци истрелале противтенковски проектили врз нив. Најголема штета е причинета на командното и набљудувачкото место во Садех, каде е оневозможена техничката опрема, како и на армиските касарни во Зераит и Мискавам. Нема информации за загуби во редовите на Израелците.
Како што се нагласува во текстот, „нападите на борците на исламскиот отпор беа одговор на израелското артилериско гранатирање на колона на либанската армија во околината на селото Ајтрун“.
Според агенцијата, при овој напад, кој се случи во првата половина на денот, нема повредени либански воени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…