Објавено на:

Русија го осудува тероризмот но и неселективните напади на цивили во Газа

t

Русија го осудува тероризмот, но не се согласува со неселективна употреба на сила како одговор на тероризмот, а тоа важи и за нападите врз цивилни објекти, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во врска со ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.


„Го осудуваме тероризмот, но категорично сме против фактот дека на тероризмот може да се одговори со кршење на нормите на меѓународното хуманитарно право, а тоа вклучува неселективна употреба на сила врз објекти каде што несомнено има цивили, земање заложници и сите други дејствија кои не потпаѓаат под меѓународното хуманитарно право“, рече Лавров во интервју за белоруската агенција Белта.


Шефот на руската дипломатија изјави дека во Појасот Газа се неопходни хуманитарни програми за спас на населението кое е под блокада, без вода, струја и храна.
Според него, невозможно е да се уништи Хамас без да се уништи Газа со нејзиното мнозинско цивилно население.
Тој исто така рече дека вработените во ОН во Појасот Газа треба да го заштитат имунитетот што го имаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…