(Фото) Протести во Лондон за поддршка на Палестина
Илјадници луѓе демонстрираа во Лондон за поддршка на Палестинците, барајќи од британската влада да повика на прекин на огнот во Појасот Газа.
Маршот за поддршка го организираше Кампањата за солидарност со Палестина, а насобраните поминаа покрај резиденцијата на премиерот Риши Сунак во Даунинг стрит и ја завршија прошетката пред зградата на Парламентот.
Повторувајќи ја позицијата на Вашингтон, владата на Сунак престана да повикува на прекин на огнот, заговарајќи „хуманитарни паузи“ за да се овозможи помошта да стигне до Појасот Газа, според Ројтерс.
„Големите сили во моментов не прават доволно и затоа сме тука. Повикуваме на прекин на огнот, за правата на Палестинците, правото на постоење, на живот, за нивните човечки и други права. Не се работи за Хамас, ова е протест за заштита на животите на Палестинците“, вели Камила Ревуелта, една од учесниците на протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…
Палестински функционери: Пет лица убиени во напади…
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа…
Муцунски денес во работна посета на Лондон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…