Објавено на:

Војната на Блискиот Исток: Над 12 часа во прекин интернетот и телефонските услуги

t

Палестинската милитантна група која владее со Газа соопшти дека нејзините борци се судриле со израелските војници во областите во близина на границата со Израел, откако Израел објави дека има засилени напади во Газа.

Поради недостаток на возила за брза помош, локалните жители повредените ги транспортираат до болниците со сопствените автомобили.

Илјадници во Њујорк протестираа за запирање на оганот во Газа, демонстрантите го блокираа метрото, а полицијата апсеше.

Во исто време на Тајм Сквер, беа поставени 220 празни столици за вечера, во знак на киднапираните лица од Хамас.

Празни маси беа наредени и во центарот на Берлин.

Израелските копнени сили се натрупани на границата со Газа, каде Израел спроведува интензивна кампања на воздушно бомбардирање по нападот на 7 октомври. Израел вели дека 1.400 луѓе, главно цивили, биле убиени, а повеќе од 200 биле земени како заложници, некои од нив се странски државјани или со двојно израелско државјанство.

Оттогаш, велат палестинските здравствени власти, израелските бомбардирања убиле повеќе од 7.300 Палестинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…