Објавено на:

Маск објави карта на Иран обиколен со американски воени бази – кој сака војна

t

Технолошкиот магнат и сопственик на X Илон Маск објави на социјалната мрежа фотографија од карта на Иран на која се означени наводните локации на американските воени бази во близина на таа земја.

„О Иранци“, коментираше тој со игра на зборови за она што изгледа како целосна иронија, односно дека Иран наводно е опкружен со американски воени бази.

Самата мапа гласи: „Иран сака војна, погледнете колку блиску ја позиционираа својата земја до нашите воени бази“.

Објвата доаѓа во време кога стигаат информации за наводни инциденти.

Во текот на изминатата недела, најмалку 24 американски војници беа ранети во бранот напади врз нивните бази во Ирак и Сирија, вклучително и еден инцидент во кој беа повредени 20 лица, соопштија американските власти.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламскиот отпор во Ирак, коалиција на помали движења за кои се уште малку се знае со сигурност, објави либанската мрежа „Ал Мајадин“. Сепак, американските власти инсинуираа дека Техеран е одговорен за нападите.

Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, во понеделникот рече дека САД нема да дозволат заканите за нивните интереси „да останат неказнети“ и дека „Иран активно ги следи овие настани, а во некои ситуации активно ги организира или охрабрува оние кои би сакале да го искористат актуелниот конфликт“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Америка ќе одговори доколку продолжат нападите врз американскиот воен персонал на Блискиот Исток и дека „иранскиот ајатолах треба да биде подготвен за тоа“.

Речиси во исто време, вооружените сили на Иран најавија дека во наредните денови ќе одржат големи воени вежби во централниот дел на земјата, на кои ќе учествува копнената армија и сите видови воена опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…